X
 27.03.2023 Живот

Во Хрватска наскоро ќе може да се разведуваат на нотар

Хрватскиот парламент наскоро ќе гласа за нов закон за вонпарнична постапка според кој земјата, заедно со Романија, ќе има најлиберални одредби за развод во Европската Унија.

Брачните парови без деца ќе може да се разведат спогодбено на нотар врз основа на сопствени изјави дека сакаат да се разведат и немаат отворени прашања за имот или издржување. Процесот нема да бара присуство на адвокат.

Доколку се изгласа овој закон, Хрватска ќе стане осма држава во ЕУ која дозволува спогодбен развод надвор од судот, но другите држави, освен Романија, бараат и други услови, како договор за развод во кој се договорени сите важни прашања, а некои бараат и присуство на адвокат.

Решението кое се предлага во хрватскиот закон наиде на критики во хрватската јавност бидејќи тоа може да се покаже како погубно за послабата страна која може да биде незаштитена. Освен тоа, се поставува и прашањето за цената на разводот, која би можела да биде повисока со новиот закон, особено затоа што сега страните може да добијат бесплатна правна помош, објаснила Бранка Рашетар, професорка по семејно право од Правниот факултет во Осиек и авторка на важечкиот закон.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот