Новата година се очекува да донесе некои промени, а Хрватите би сакале да бидат тргнати од врвот на листата со најглупави земји објавена на страницата „The Top Tens“. Хрватска веќе неколку години е на врвот на листата, која се прави врз основа на гласовите од
читателите.
Зад Хрватска се САД, потоа Северна Кореја, а на четвртото место има уште една балканска земја - Србија. На петтото место е Централноафриканската Република, на шестото е Венецуела, на седмото Конго, на осмото Мозамбик, на деветтото Хаити, а десеттото место ѝ припадна на Сомалија.
Македонија ја нема на листата.
Гласачите можат да остават коментари и да објаснат зошто гласале за таа земја.
Тука можете да ги видите листата и коментарите.