Речиси еден век подоцна, Златната треска, Модерни времиња, и Големиот диктатор сѐ уште се сметаат за суштински филмски дела. Неговото пишување, продуцирање и режирање на неговите филмови добиваше исто толку внимание колку и неговиот контроверзен личен живот.
Прочитајте неколку факти за легендалниот режисер.
Соработувал со жена-режисер, што било реткост во тоа време – Мабел Норманд е актерка, писателка, продуцентка и режисерка од ерата на немиот филм што било необично за средината на 1900 тите. Таа глумела во 12 филмови со Чарли Чаплин.
Тој е ко-основач на големо филмско студио – Во 1919 Чарли со неговите колеги Даглас Фербанкс, Мери Пикфорд и Д.В. Грифит го формирале студиото “United Artists”. Првиот филм направен во него бил „Неговото височество, Американецот“. Во 1955 Чарли ги продал неговите акции.
Чарли Чаплин компонирал музика за многу филмови – почнувајќи си „Градски светла“ во 1931, Чарли компонирал за неговите филмови. Неговата песна “Smile” искористена во „Модерни времиња“ станува класика. Дури и Мајкл Џексон прави преработка.
Бил вовлечен во непријатен случај за татковство – актерката Јоан Бери во 1940 наводно имала афера со Чаплин, а подоцна го обвинила дека режисерот ја „направил достапна за други индивидуи за неморални цели“. Кога во 1943 таа родила син, тврдела дека татко е Чарли Чаплин, но тестовите покажале дека тоа не е точно. И покрај доказите судот пресудил дека тој е таткото што ја уништило неговата репутација.
Руски астроном именувал мала планета по него – во 1981 Лиудмила Георгиевна Карачкина која открила повеќе од 100 мали планети, именувала една по легендарниот режисер: 3623 Чаплин.
Постои годишен филмски фестивал во негова чест – Во 2011 во местото Вотервилд во Ирска каде што тој ги минувал летата, го основале Филмскиот фестивал на комедијата
Чарли Чаплин кој се одржува во август.
Неговиот дом во Швајцарија е претворен во музеј – на 16 април минатата година, на 127 роденден во Швајцарија е отворен музеј во неговиот дом кој во минатата година го посетиле преку 300.000 гости.