Илон Маск штотуку ја лансира својата нова ракета „Фалкон Хеви“ од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида. Ракетата успеала да се подигне без инциденти и да се искачи високо над Атлантскиот Океан, а се сметаше за ризичен тест пред полетувањето.
Генералниот директор на „Спејс Екс“ изјави дека предизвиците поврзани со развивањето на новата ракета значат дека шансите за успешност можат да бидат само 50:50.
Со своето деби, Фалкон Хеви“ има цел да стане најспособното возило за лансирање некогаш достапно. Дизајнирано е да испорача максимална носивост од 64 тони - еквивалент на поставување пет лондонски автобуси во вселената.
Фото: Spacex
За овој експеримент и неизвесна мисија, Маск се одлучил за многу помал товар - неговиот стар спортски автомобил „тесла“. Била поставена кукла на возачкото седиште, а на радиото одела песната „Space Oddity“ од Дејвид Боуви.
Ако сите фази на
летот се успешни, а за тоа нема да се знае најмалку 6,5 часа по полетувањето - „тесла“ и патникот ќе бидат испратени по елиптична орбита околу Сонцето што ќе стигне до планетата Марс.