Сигурни сме дека кучињата не се опседнати со потеклото. Тоа е нешто со кое се занимаваат луѓето.
Сепак, со многу малку копање, секое куче на Земјата може да тврди дека е потомок на некој убав вид како ова на фотографијата.
Вестите мора да се пријатни за сите тие кученца што се вообразуваат дека се нешто поволчешко отколку што покажува нивната надворешност.
Фото: Open Culture
Овој ѕвер не е милениче од 21 век, туку реконструкција, односно најдоброто нагаѓање на форензиката за тоа како би изгледал сопственикот на неолитскиот череп откриен при ископување во 1901 година на островите Оркни во Шкотска.
Со големина колку овчарско куче, ова куче има лице на европски сив волк и поглед на фамилијарно милениче.
Стив Фарар од конзерваторската организација „Историска околина на Шкотска“, која ја овластила реконструкцијата, верува дека ценењето на кучињата од страна на фармерите било поголемо отколку само утилитарно
ценење.
Радиојаглеродното датирање на черепот на ова куче и на 23 други пронајдени на местото посочува на ритуално закопување - животните биле ставени внатре повеќе од 500 години по градењето на преминот до гробот.
Од шкотската организација сметаат дека поставувањето на остатоците од милениците до оние од луѓето се доказ дека заедниците верувале во задгробен живот за двата вида.