X
 30.12.2022 Наука

Научници дигитално го реконструирале лицето на Рамзес II

Група египетски и британски научници направиле реконструкција на лицето на фараонот Рамзес II со помош на софтвер за компјутерска томографија.

Реконструкцијата на лицето била овозможена со „дигитално откривање“ на мумијата на познатиот египетски фараон. Станува збор за научен проект кој им овозможил на историчарите да видат како изгледал египетскиот владетел во различни фази од неговиот живот.

- Се работи за единствена научна фацијална реконструкција на Рамзес II базирана на ЦТ-снимања на неговата мумија. Претходните обиди најчесто биле уметнички - изјавил професорот Сахар Салим од Универзитетот во Каиро.

Првите рендери покажале како фараонот изгледал во време на смртта, како 90-годишник, а потоа експертите направиле илустрација која покажува како изгледал на 45-годишна возраст.


Рамзес II бил трет фараон од 19. династија, кој владеел од 1279 до 1213 година пр.н.е.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука