Наместо да седи со скрстени раце во карантин, оваа 15-годишна девојка одлучила да ги претвори ѕидовите од нејзината соба во 2-метарски ѕид за искачување - а за тоа ѝ била потребна само една недела.
Ерин Слоун вели дека била инспирирана да ја изгради структурата затоа што ѝ недостигало искачувањето што го практикувала во Центарот за искачување „Норт Вест“. Таму таа практикувала искачување четири години и работела како инструктор.
Иако Ерин го завршила проектот минатата недела, вели дека може да се направи за еден ден, но била принудена да чека дополнителни материјали.
Фото: SWNS
Тинејџерката вели дека се надева дека нејзиниот талент за искачување ќе помогне да се уништат родовите стереотипи во овој спорт.
- Јас сум девојка и искачувањето не е спорт во кој доминираат жените - вели Ерин.
- Тажна сум затоа што центарот е затворен, бидејќи тој за мене е семејство. Дом надвор од мојот дом. Повеќе време поминувам во центарот отколку дома. Дел е од мојот живот, а сега не можам да одам. Токму тоа ме поттикна да направам ѕид дома - вели таа.
Извор:
Good News Network
Фото: SWNS