X
 24.01.2018 Наука

Како изгледале тинејџерките пред 9000 години?

Откако последен пат некој погледнал во лицето на Зора, поминале 9000 години, но сега оваа тинејџерка од Грција може повторно да се види, откако научниците го реконструирале нејзиното лице, за да покажат како изгледале луѓето во Мезолитот, околу 7000 години п.н.е.

фото извор: Reuters

Откриена е во 1933 година, во пештерата Теопетра, во средна Грција, девојчето е наречено „Авги“ (на грчки зора), бидејќи живеела во почетокот, „зазорувањето“ на цивилизацијата.

Се верува дека Зора, на основа на коските и забите, е стара помеѓу 15 и 18 години. Има истакната вилица, то се верува дека од џвакање на животинска кожа и намуртен израз на лицето. На прашањето зошто изгледа луто, професорот по ортодонција Манолис Папагрикоракис, кој направил силиконска реконструкција на лицето, истакнал дека за неа не било можно да не биде лута во тоа време.

фото извор: Reuters

Можно е Зора да била анемична и да имала болест, а доказите упатуваат и на проблеми со зглобовите и колковите, заради што и било отежнато одењето. Сето тоа придонело до нејзина смрт, велат научниците.

Пештерата Теопатра се наоѓа на подрачјето на Тесалија и прв пат била населена пред 100000 години. Во неа е пронајдено оружје од Палеолитот, Мезолитот и Неолитот, како и керамика од Неолитот.

Зора е изложена во музејот „Акрополис“ во Атина.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука