Наместо маска, еден белгиски уметник носи мала стаклена градина на главата, која му обезбедува чист воздух, а истовремено го штити од инфекција.
Ален Вершкурен е уметник и социјален работник и ја создаде оваа пренослива оаза за себе.
Иако изгледа невообичаено и веројатно не многу практично за носење, го привлекува вниманието на луѓето, а реакциите се претежно позитивни.
61-годишниот Ален ја добил идејата пред 15 години, инспириран од бујните оази во Тунис, каде што претходно работел. Во град каде што покривањето на лицето е задолжително за спречување на ширењето на ковид-19, неговиот изум имал можност да заживее.
- Се работеше за создавање еден вид „меур“ во кој можев да се заклучам, да се одделам од светот за кој мислам дека е досаден, премногу бучен и премногу мириса. Како што поминуваше времето, забележував дека луѓето доаѓаа да зборуваат со мене. Оваа изолација стана начин на поврзување - вели Вершкурен, додавајќи дека има астма и смета дека дишењето во неговиот изум е поудобно отколку кога носи маска.
Минувачите во Брисел биле збунети и воодушевени од човекот што шета со растенија од мајчина душица, рузмарин и лаванда на неговата глава.
- Дали е
стаклена градина? Дали е за пчелите или растенијата? Не знаеме, но се чини како добра идеја - изјави еден минувач.
Вершкурен се надева дека со неговиот изум ќе ги поттикне луѓето подобро да се грижат за животната средина.
Извор:
Reuters.com
Фото: Screenshot/YouTube