X
 12.12.2020 Здравје

Видео покажува колку навистина заштитуваат визирите

Видео прикажува симулација на кивање на лице во близина на друго лице што носи визир. Симулацијата покажува колкава е заштитата што ја нудат визирите и одговорот е - мала.

Истражувачи од Универзитетот „Фукуока“ во Јапонија сакале подобро да разберат што се случува во воздухот околу визирот кога некој во близина ќе кивне. Научниците го одбрале кивањето поради начинот на ширење на аеросолите во околината.

Било откриено дека кога лице со визир е изложено на кивање од заразено лице на оддалеченост од околу еден метар, капките од кивањето стигнуваат до горниот и долниот дел од визирот и со тоа може полесно да дојдат до допир со устата. Заклучокот е дека визирите кога се носат без маска, не се многу ефикасни во спречувањето на заразувањето со коронавирусот бидејќи аеросолите што стигнуваат до визирот може да се вдишат преку носот и устата.


Визирот може да го заштити лицето од поголемите капки, но не и од помалите. Истражувачите порачуваат дека визирите не може да се носат како замена за респираторна заштита.

Една од добрите страни во носењето визир е тоа што тој може да го спречи влегувањето на вирусот преку очите. Освен тоа, тие може да се користат повеќепати. Сепак, малите капки и аеросолите може да влезат во внатрешноста на визирот и да се вдишат, велат научниците.

Автор: Наташа Хинд
Извор: huffpost.com
Насловна фотографија: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје