Астрофизичарот Ави Лоеб од „Харвард“, кој е познат по неговите контроверзни теории, верува дека меѓуѕвезден објект удрил во Земјата во близина на островот Манус во Папуа Нова Гвинеја во 2014 г. Тој сака да го истражи океанското дно за да открие дали предметот бил направен од вонземјани.
Лоеб, во соработка со истражувачот Арми Сираџ, во труд од 2019 првпат го споменал откривањето на објектот, но рецензијата на трудот била стопирана бидејќи многу од податоците искористени во трудот се доверливи.
САД претходно потврдиле дека објектот е меѓуѕвездено тело, но дека станува збор за метеор од различен сончев систем. Меѓутоа, Лоеб не е убеден со овој одговор и тврди дека можеби станува збор за остаток од летало и можеби на него има доказ за вонземен живот. Затоа, астрофизичарот сака да го истражува остатоците, кои планира да ги собере од океанот со магнет.
Тој изјавил дека веќе работи на составување експедиција за собирање на остатоците.
- Мојот сон е да притиснам копчиња на функционален дел од опрема што била направена надвор од Земјата - изјавил Лоеб.
Лоеб е познат по своите контроверзни теории за вонземјани и верува дека тие веќе ја посетиле Земјата и дека објектот наречен „Оумуамуа“, кој поминува низ нашиот Сончев Систем, е создаден од вонземјани.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Pixabay