X
 19.03.2017 Наука

НАСА со нов радикален план за откривање вонземјански живот

Научниците од лабораторијата за ракетен погон на НАСА, добиле идеја да го употребат Сонцето како масивен телескоп, користејќи го ефектот познат како „гравитациска леќа“.


Доколку се оствари, овој план би можел да овозможи детален увид во егзопланетите, откривајќи ги одликите на нивната површина и потенцијалните знаци за населување.

„Гравитациска леќа“ претставува оптички ефект кој се случува кога група на  галаксии ја „искривува“ светлината која ја емитуваат други, значително оддалечени галаксии од Сончевиот систем.  Причината за тоа е што масивните објекти заради својата силна гравитација го искривуваат просторот и времето во своја близина.

Како резултат, може да се видат зголемени, но исклучително деформирани објекти. Оваа појава прв ја споменал Ајнштајн во својата општа теорија за релативитет.

Сеоак, овој план носи бројни предизвици. Таквиот вид на телескоп би функционирал само со помош на соларна точки – точки во меѓуѕвездениот простор 14 пати оддалечени од Плутон. Дури и сега, вселенската сонда „Војаџер 1“ која отпатувала најдалеку во вселената, поминала само петтина од оваа оддалеченост во период од 50 години.

Доколку НАСА го лансира леталото на ракетен погон, новиот вид сонда би можела да го досегне „Војаџер“ за само неколку години. Меѓутоа, би прошле барем уште 50 години пред новиот вид сонда да достигне до соларните точки.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука