Во декември Земјата имала многу специјален посетител. Според НАСА, огромна огнена топка експлодирала во атмосферата, втората најголема во последните 30 години и најголемата по инцидентот во рускиот град Чељабинск во 2013 година.
Вселенската карпа експлодирала на речиси 25,6 километри над Земјината површина со енергија од 173 килотони, што е 10 пати повеќе од енергијата ослободена од нуклеарната бомба фрлена во Хирошима. Тоа е околу 40 отсто од моќта на чељабинскиот метеор.
Метеорот од Чељабинск го биеше лош глас делумно и поради неговата видливост. Летајќи над населени места во Западна Русија, тој направи трага која беше фотографирана со мобилни телефони и со камери. Новата огнена топка, пак, експлодирала во релативна самотија, горејќи над Беринговото Море. Тешко е да се види на фотографиите, но тоа е онаа мала портокалова точка на средината.
Источна Русија, каде што експлодирала оваа огнена топка, е пуста. Полуостровот Камчатка е скудно населен, па не е ни чудо што експлозијата на се појави на насловните страници.
Водата на Земјата е уште едно нешто што го имаме како одбрана, смета Кели Фаст, менаџер на програмата на НАСА за набљудување на објекти блиску до Земјата. Со толку многу вода на планетата, дури и ако метеор пробие низ атмосферата, има многу голема шанса дека импактот целосно ќе биде апсорбиран од морето.
Од НАСА воопшто не ја детектирале експлозијата кога се случила и оваа агенција за настанот била известена од воздухопловните сили. Тоа покажува дека агенцијата сè уште има многу
работа.