X
 25.02.2017 Образование

Шест типови на лица кои ќе ги запознаете на факултет

Периодот на студирањето е еден од највозбудливите во животот. За прв пат заминувате од дома и се грижите самите за себе.

За време на студирањето запознавате и многу нови лица со интересни карактери. Ова се шест типови на луѓе кои е неминовно да ги запознаете за време на студентските денови:

Оној што постојано доцни

Нема исклучок, овој студент постојано доцни на секој час. Не сте сигурни дали постојано го греши распоредот или едноставно не може добро да се организира.

Постариот студент полн со ентузијазам

Оној кој постојано знае се и смета дека го има одговорот на секое прашање.

Генијот

Секогаш има некоја девојка или момче на кое му е потребно многу малку време за да ги заврши испитите и секогаш добива најдобри резултати.

Мамурниот

Студентот кој постојано е на забави и има потешкотии со станувањето за одење на предавања.

Организаторот

Секаде има и по еден таков. Веднаш организира распореди, доделува задачи, прави групи, ги контактира професорите. Едноставно, студентот без кој ниедна обврска не би била завршена.
 
Заспаната убавица

Блиска до мамурниот, оваа студентка секогаш е поспана и никогаш нема доволно време за да се наспие.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование