X
 27.05.2022 Образование

Од септември ќе се зголемат платите и на универзитетските професори

Зголемувањето на платите на универзитетските професори веќе е планирано во Буџетот за од септември, и тоа и во оригиналниот, а стои и во ребалансот на Буџетот, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

 - Точно е дека во целиот образовен сектор треба да се покачат платите и ако го погледнете буџетот, тој од година на година се зголемува во однос на платите во високото образование, меѓутоа, и инвестициите што се прават и средствата што се определуваат за образование и наука - рече Ковачевски.

Тој посочи дека треба да бидеме свесни дека имаме повеќе државни универзитети во земјава и дека се наоѓаме во време на голема економска криза.


Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование