Минатиот месец „Ејч-би-о макс“ откри нешто што за брзо време ќе стане едно од најпопуларните ребрендирања на годината. Со отфрлање на Ејч-би-о, услугата сега ќе се вика „Макс“.
Платформата „Макс“ ги комбинира понудите на „Дискавери+“ и оригиналниот „Ејч-би-о макс“. Освен тоа, платформата ја отфрла виолетовата боја, така што сега, како и секоја друга стриминг-платформа, и „Макс“ е сина.
Можеби во обид да се разликуваат од „Нетфликс“, стриминг-платформите како „Макс“, „Дизни+ прајм видео“ и „Парамаунт+“ се со слична сина нијанса. Сето тоа е добро, и добро е да се издвојувате од конкуренцијата, освен кога остатокот од конкуренцијата ја има токму истата идеја.
Слично брендирање значи слични икони на апликации, што ќе ги збуни корисниците на паметни телефони - исто како збунувачки сличните логоа на „Гугл воркспејс“.
Извор:
Creativebloq.com
Фото: Screenshot/YouTube