На северозапад од Мароко се наоѓа доста необичниот град Шефшауен, познат како синиот град, уникатен токму поради тоа што во него сè е обоено во сино: врати, ѕидови, фасади, прозорци, улици. Поради бојата боја, се смета за еден од најатрактивните градови во Мароко.
Според една теорија, необичната боја на куќите ја донеле еврејските бегалци од Шпанија, кои верувале дека колку повеќе гледате во сина боја, толку почесто размислувате за рајот и за Бог. Традицијата била прифатена и станала препознатлив печат на градот.
Фото: Pixabay
Сепак, сината боја е постојан извор на контроверзии. Други тврдат дека тоа е само прашање на вкус и дека сината боја е делотворна во одбивањето на комарците.
Некои мештани велат дека
сината боја ги одржува нивните домови ладни во текот на летните месеци. Иако ова веројатно не била првичната намера, обојувањето во сино продолжува и во модерните времиња.
Фото: Pixabay
Освен по бојата, овој град е познат и по интересната шпанска и маорска архитектура, многубројните продавници за ракотворби, но и по познатото и вкусно козјо сирење.
Дури и жителите биле облечени во сино од глава до петици, а пред многу векови никој од странците не смеел да влезе во овој град бидејќи се сметал за свет.
Фото: Freepik
Интересно е што жителите секоја година повторно го бојадисуваат целиот град за бојата секогаш да биде убава и интензивна.