X
 27.06.2018 Живот

Бруто-плата од 3.500 до 5.500 евра - На Германија драматично ѝ недостигаат занаетчии

Поради недостиг на занаетчии, германските граѓани уште сега во просек чекаат над десет недели за некои занаетчиски услуги, а ситуацијата во блиска иднина би можела да се влоши, велат од Здружението на германски занаетчии.

- Моментално има толку многу работа, што занаетчиите се присилени да го одбиваат извршувањето на услугите ако не доаѓаат од постојани клиенти - вели претседателот на Здружението на германски занаетчии, Ханс Питер Волсеифер.

zanaetcii

Тој укажа на тоа дека сѐ помал број млади луѓе се одлучуваат за занаетчиска професија, како водоинсталатер, молер или паркетар, така што се создал акутен проблем со недостиг на експерти.

- Секоја година ни недостигаат од 15.000 до 20.000 приправници - вели Волсеифер. Проблемот би можел дополнително да се влоши во наредниот период кога се очекува голема промена на генерациите во германските занаетчиски работилници - вели тој.

- Многу занаетчии наредната година одат во пензија, така што стравуваме дека голем број занаетчиски работилници нема да има кој да ги преземе. Моментално најмногу недостигаат лимари, водоинсталатери и монтери на централно греење - вели Волсеифер, кој ги нагласува релативно високите примања во занаетчискиот сектор.

- Мајстор во водечка функција може месечно да заработи од 3.500 до 5.500 евра - напоменува претседателот на германското здружение на занаетчии.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот