X
 05.09.2022 Економија

Германија планира да воведе зелена карта за да привлече повеќе странски работници

Владата во Берлин подготвува германска верзија на зелена карта по пример на Канада бидејќи има милиони отворени работни места. Таканаречената карта на шанси (Chancekarte) потсетува на американската или канадската зелена карта.

За вакво нешто одамна повикуваат работодавците во Германија бидејќи на земјата ѝ недостига работа сила. Демографските процени покажуваат дека до 2035 година на германскиот пазар на труд ќе има 7 милиони  луѓе помалку доколку доселување не се зголеми.

Според досегашните планови, секој што ќе се образова во Германија автоматски ќе добие зелена карта. За другите, треба да се исполнат три од четири критериуми: образование од странство, работно искуство од барем три години, познавање на германскиот јазик или претходен престој во Германија. Кандидатите треба да се помлади од 35 години.


Фото: Pixabay

Оваа зелена карта би требало да го олесни и самото доаѓање во Германија, дури и за оние што немаат работа. Се очекува зелената карта да биде воведена оваа есен, иако деталите уште не биле објаснети во Владата на канцеларот Олаф Шолц.

Според германскиот закон за доселување, на сите што ќе најдат работодавец им се овозможува работна виза под услов да се обучени за некоја професија. Исклучок се земјите од Западен Балкан, за кои е дозволено доделување 25.000 работни визи дури и доколку станува збор за неквалификувани работници.

Ова лето се покажало дека ни тие работници не се доволни, а особено биле погодени угостителската и туристичката индустрија.

Според статистичките податоци, во Германија има 1,74 милион слободни работни места, а се проценува дека бројот е многу поголем. Експертите сметаат дека на Германија секоја година ќе ѝ требаат по 400.000 доселеници за да се пополнат празнините.

Извор: Buka 
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија