Шелдон Јелен е извршен директор на компанијата „Белфор холдингс“, компанија за справување со катастрофи и обнова на имотот. Уште од 1985 година, долго време пред Јелен да стане извршен директор, му пишувал роденденски картички на секој вработен во компанијата секоја година.
Денес, како извршен директор, тој вели дека пишува 9.200 картички на годишно ниво - по една за секој вработен.
Оваа практика ја почнал во 1985 година. Тој вели дека почнал да го прави тоа откако бил вработен од страна на неговиот зет, бидејќи многумина од сегашните вработени сметале дека добива посебен третман. Ако ништо друго, роденденските картички ќе ги охрабрат луѓето да застанат покрај неговото биро и да му кажат благодарам.
- И функционираше. Луѓето почнаа да ми зборуваат, почнавме повеќе да комуницираме и мислам дека ми помогна да стекнам почит во компанијата - вели тој.
Фото: Sheldon Yellen
Денес, Јелен секогаш со себе носи актовка со канцелариски материјал на секое патување.
Но, тој пишува и белешки за благодарност, картички за годишнини, за празници и им пишува на децата на неговите вработени кога се болни. Тој вели дека пишувањето картички за секој вработен создаде култура на сочувство во целата компанија.
- Кога ќе дознам дека некоја личност направила добро дело, ѝ пишувам картичка во знак за благодарност, за да знае дека се цени нејзиниот напор и дека не бил незабележан - вели Јелен.
Јелен има поента: експертите велат дека најдобрите
менаџери се оние што честопати им даваат силна поддршка на вредните работници.
Истражувањата покажуваат дека добрите работници ја напуштаат својата работа ако не се доволно ценети за нивните напори.