Кога се споменуваат е-спорт и играње видеоигри, повеќето играчи ги замислуваме како тинејџери и млади луѓе. Но, гејмингот во Јапонија е доста популарен и меѓу постарата пензионирана популација.
Всушност, е-спортот е толку популарен меѓу пензионерите, што ќе се отвори центар за е-спорт наменет само за постари од 60 години. „Ај-ес-ар Е-спортс“ е наменет и за искусните играчи, но и за почетниците. Почетниците ќе добијат вовед во основите на играњето, да ја научат механиката на играње, но и да вежбаат натпреварувачко играње на некои од најпопуларните е-спорт наслови.
Фото: ISR esports
Дека постарите играчи се доста успешни во светот на е-спортот, можеби најдобро потврдува успехот на тимот „Силвер снајперс“, првата професионална сениорска екипа што се натпреварувала во „CS:GO“ натпревари, составена исклучиво од играчи постари од 65 години.
Играњето видеоигри може да го ублажи чувството на осаменост и изолација кај сите, не само кај постарите, а заедничкото дружење им ги олеснува
пензионерските денови. Како што истакнуваат од „Ај-ес-ар Е-спорт“, ако пензионерите заработат пари на турнирите, со тоа ќе го дополнат домашниот буџет.
Извор:
Zimo.dnevnik.hr