X
 26.01.2022 Живот

Наместо тренинг, средношколци им го чистеле снегот на соседите

Кога снежна бура ја погоди Пенсилванија минатата недела, средношколскиот фудбалски тренер на „Бетел парк“, Брајан Делало, го откажал тренингот на својот тим и ги испратил играчите да направат добро дело.

На неговиот твитер-профил сподели дека играчите им ги исчистиле дворовите и патиштата од снег на постарите соседи.

- Поради очекуваното лошо време, тренингот за кревање тегови в понеделник е откажан. Најдете постара личност или сосед со попреченост и исчистете му го дворот или патот од снегот. Не прифаќајте пари - тоа е вашиот тренинг - објави тој на неговиот твитер-профил.

Делало вели дека тоа не е ништо ново. Средношколците кои се членови на овој фудбалски тим го прават ова со децении, а оваа традиција, стара повеќе од 20 години, ја почнал поранешниот тренер Џеф Метини.

- Секогаш кога паѓаше снег и немаше часови, тој ги испраќаше децата да ги чистат дворовите и патиштата на постарите или изнемоштените во соседството. Ова го правиме долго време. Идејата не е моја, ова го научив од Џеф и продолжив да го применувам - објаснува тој.

На акцијата ѝ се приклучија околу 40 ученици. Тие го чистеа снегот со часови, а некои се пријавија доброволно носејќи им храна на бездомниците.

- Убаво е чувството да им се помага на другите - изјави 16-годишниот Дејвид Шелпман.

Извор: Index.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот