X
 16.06.2016 Образование

Нов тренд на европските факултети: Се' повеќе пензионери студираат

Франц-Џозеф Митнахт смета дека е сосема вообичаен студент, но тој е далеку од просечен студент. Тој има 86 години и е само еден од се' поголемиот број пензионери кои се запишуваат на европските факултети.


- Кога ќе наполнам 90 години, сакам да докторирам. Сакам на надгробниот споменик да ми пишува: „Студираше до самиот крај“ - вели Митнахт за германскиот „Der Spiegel“.

Од 1981 до 2011 година, бројот на пензионери кои се запишале на факултет во Швајцарија се зголемил за 500%, објавува Заводот за статистика во Швајцарија. Сличен тренд се забележува и во другите европски земји.

Многу европски универзитети не наплаќаат школарини, поради што многу пензионери се одлучуваат да запишат факултет. Некои студии може да се запишат и без приемни испити и тестирања.

Студирањето како прозорец кон светот

Многу пензионери-студенти велат дека студирањето им овозможува полесно да се поврзат и дружат со останатите.

- Предавањата за мене се прозорец кон светот. За да го одржите мозокот здрав мора да исполните два критериуми: мора да се впуштите во нови предизвици и социјално да се ангажирате - вели 72-годишната Уте Улрих.

На нејзиниот универзитет во Цирих студираат над 160 пензионери. Научниците кои се занимаваат со истражување на менталното здравје сметаат дека студирањето е долго занемарена здрава ментална вежба за пензионерите.

Младите колеги кои не се примени поради постарите не се задоволни

Сите не се пресреќни што пензионерите одат на факултет. Според изјавите на неколку студентски здруженија и организации, постарите студенти ги преплавиле редовните студии, па некои помлади колеги немале можност да студираат поради ограничен број места. Поради тоа, некои универзитети го забраниле уписот на пензионери на некои факултети и студиски програми.

Но, и покрај тоа, интересот е се' поголем. Митнахт, кој моментално студира средновековна историа на Универзитет во Есен изјавил дека студирањето му дало нова цел во неговиот живот. Никогаш не бил посреќен.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование