X
 27.07.2018 Живот

Македонија има 2.075.300 жители – 1.600 повеќе од лани

Македонија на почетокот на годинава имала 1.600 жители повеќе во споредба со тој период лани, пишува во истражувањето за популацијата што го објави канцеларијата за статистика на „Еуростат“. Според резултатите, во Македонија во јануари имало 2.075.300 жители, наспроти 2.073.700 - лани.

Последниот официјален попис во Република Македонија е спроведен во 2002 година. Во 2011 година пописот беше неуспешен. Државниот завод за статистика најави дека наредниот поис во земјава ќе биде спроведен од 1 до 21 април 2020 година и првпат нема да биде спроведен на хартија, туку на лаптопи. Попишувањето ќе го спроведат околу 5.000 попишувачи, а ќе чини 8,5 милиони евра.
По Втората светска војна, во Република Македонија се спроведени 8 пописи – во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 и 2002 година.

Популацијата во Европската Унија, пак, е зголеменза за 1,1 милиони жители во однос на јанури, 2017 година. Тоа се должи на миграцијата, бидејќи е забележан поголем број на починати лица од новородени. Според „Еуростат“, во ЕУ на почетокот на годинава имало 512,6 милиони жители. Најнаселена е Германија, со 82,9 милиони жители, па Франција (67,2 милиони), Велика Британија (66,2 милиони), Италија (60,5 милиони), Шпанија (47,7 милиони) и Полска (38,0 милиони).
Подготвил: В.И.И.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот