X
 13.07.2015 Живот

Македонската маркетинг елита ја славеше креативноста

Повеќе директори на маркетинг агенции, сопственици на медиуми, маркетинг професионалци од компании, креативни и арт директори, дизајнери, продуценти, адвертајзинг фанатици и останати учесници и вљубеници во рекламната индустрија, саботата присуствуваа на првиот македонски настан официјално поддржан од најголемиот светски креативен фестивал – Cannes Lions.



“Lions Talks“, настанот организиран од  Маркетинг365 и арт кафулето Concept 37 на едно место ја собра маркетинг елитата во Македонија, во двочасовно дружење проследено со дискусии на тројца говорници и screening на Гранд При победниците од неодамна завршениот Cannes Lions 2015.

Александра Дилевска, извршната директорка на агенцијата Публицис Македонија, од аспект на редовен посетител на Cannes Lions, на “Lions Talks“ сподели што се важно се зборуваше на овогодинешното издание на фестивалот, кои се темите кои ќе доминираат наредниот период, како се развива мајндсетот на самата индустрија низ годините и кои се главните предизвици кои треба да ги очекуваме и за кои треба да се подготвиме.


Регионалниот креативен директор на маркетинг агенцијата New Moment New Ideas Company, Душан Дракалски, трократен освојувач на Кански лав, пред присутните го сподели своето лично искуство поврзано со учеството и жирирањето на Cannes Lions, притоа осврнувајќи се на најважните моменти во креирањето на наградените проекти и развојот на самата перцепција за тоа што претставува креативноста на Cannes Lions.

Борис Ефтимовски сопственик на Маркетинг365, официјалните претставници на Lions Festivals во Република Македонија, кој беше и модератор на настанот, се осврна на придобивките кои македонската креативна индустрија ги добива со тоа што преку Маркетинг365 доби директен линк до најголемиот светски креативен фестивал Cannes Lions и како тие да се искористат во насока на забрзан развој на креативната индустрија во земјава.


На настанот беа промовирани и Гранд При победниците од Cannes Lions 2015 во сите категории проследени со дискусија меѓу учесниците на настанот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот