X
 16.07.2018 Култура

Колку чини летување во Хрватска?

Просечна дневна цена за изнајмување туристички апартман во Хрватска изнесува 63 евра, а цените варираат од 20 евра на ден, па нагоре, покажува анализа спроведена од веб-страницата „Њушкало“.

Највисока понуда за приватно туристичко сместување има во Северна и Средна Далмација и во Кварнер и Приморје. Се нудат повеќе видови туристичко сместување, меѓу кои најмногу апартмани, но може да се најдат и цели куќи и соби.

hrvatska

Северна Далмација

За приватното сместување во овој регион има најголем интерес во првата половина на годината, но и најповолни цени во сезоната во споредба со другите региони. Најмногу апартмани од овој регион се нудат во Задар, Водице и Вир и Биоград. Просечната цена за сместување во Задар изнесува 62 евра на ден, колку што е и во Биоград, додека просечната цена за изнајмување апартман во Вир е 56 евра на ден, а во Водице 57 евра.

Во Паг, просечната цена за изнајмување апартман во сезона е 60 евра, додека во Новаља цената е за 32 отсто повисока и изнесува 78 евра.

Во многу места во овој регион апартман може да се изнајми и за 30 евра дневно. Некои од поповолните места за летување во Северна Далмација се Трбуњ, Пировац, Врси и Тисно.

Средна Далмација


Во овој регион може да се најде апартман за цена од 40 евра на ден, но просечната изнесува 73 евра. Најмногу апартмани се нудат во Сплит, Макарска и Омиш. Иако може да се најде и за 50 евра, просечната дневна цена за изнајмување туристички апартман во Сплит во екот на сезоната е 80 евра.

Истовремено, во Макарска просечните цени се движат околу 64 евра, додека во Омиш за сместување треба да издвоите 72 евра. Некои од најповолните места во овој регион, според цената за изнајмување апартман, се Сегет и Округ.

Јужна Далмација

Очекувано, највисоки цени во овој регион има Дубровник, во кој просечната цена за изнајмување апартман за една ноќ е 84 евра, но варира од 60 до над150 евра. Просечната цена за апартман во Обериќ е 52 евра, додека во Корчула е 62 евра. Оребиќ е најповолното место за летување во овој дел на Хрватска.

Истра, Кварнер и Приморје


Највисоката понуда за апартмани е во Цриквеница, Раб и во Ново Виндолско. Просечната цена за апартман во Цриквеница е 67 евра, додека во Раб е 63 евра дневно. Во Пула просечно за едно ноќевање ќе треба да издвоите 76 евра, додека во Риека цените се поповолни и изнесуваат 56 евра на ден.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура