Џејми Иан Свис себеси се нарекува искрен лажго. Како магионичар тој работи под образложение дека луѓето ги посетуваат неговите шоуа очекувајќи и потајно надевајќи се дека ќе бидат измамени.
Овој концепт е тоа што го движи овој фасцинантен документарец наречен „Merchants of doubt“ низ неговото истражување на измамата. Филмот ги следи храбрите луѓе кои се на мисија да им ја претставата на Америка вистината.
Роберт Кенер е режисерот. Кенер исто така работеше на документарецот Food Inc., еден од документарците со најголема заработувачка на сите времиња, кој изложи вознемирувачки факти за американската прехранбена индустрија.
„Одбиено ни е ниво на транспарентност“, вели Кенер. „Се обидовме да разбереме како еден магионичар ја мами публиката; тогаш започнувате да ги гледате паралелите“.
Кенер објаснува дека 50 години, Big Tobacco знаел дека тутунот предизвикува рак но сепак ја уверуваше јавноста дека тоа не е така. Потоа тој, дава пример за еднакво алармантна измама на денешницата.
„Конгресот моментално им верува на 2% научници кои велат дека човекот не влијае и не ја предизвикува климатската промена, а сепак 98% од научниците велат дека тоа е така“, вели Кенер.
Тој додава дека 2% научници земаат милиони долари од компаниите кои имаат потреба јавноста да верува дека нивните производи не се сериозна закана за природната средина и дека човек може да продолжи да ги практикува истите стари навики без никакви последици.
Филмот изложува многу изненадувачки вистини за корупцијата и измамата што се чини дека го водат нашиот свет. Но, тој се надева дека преку ширење на знаењето, овој филм ќе помогне работите да се променат.
„Како што велат магионичарите, еднаш откриено, никогаш сокриено. Откако ќе почнете да ги забележувате моделите, ќе разберете како функционираат и повеќе никогаш нема да бидете измамени“.