X
 10.06.2017 Живот

Децата на разведените родители имаат повеќе потешкотии во животот

Истражувањето на американските научници од  универзитетот „Carnegie Mellon“ во Питсбург, сугерира дека децата на разведените родители имаат поголем ризик за потешкотии со здравјето.

Разводот проследен со кавги на родителите има негативно влијание на физиологијата на тие деца, па се зачестуваат воспалителните процес поврзани со поголем ризик од хронични болести.

Според новите сознанија, разводот и недостигот на комуникација меѓу родителите го зголемува за три пати ризикот за инфекции кај децата и 20 до 40 години подоцна. Во новото истражување се користени податоци добиени со следење на речиси 200 испитаници.

Научниците уште порано истакнувале дека проблемот не е само во кавгата, туку и во нерешените судири, бидејќи децата мораат да знаат дека судирот може да се реши за да се продолжи со животот.

Поранешното истражување на универзитетот „Sussex“, покажало дека нерешените судири помеѓу родителите можат силно да влијаат на раниот развој на детето, неговото ментално здравје и изгледите за успех во животот како возрасно лице. И тоа важи секако и кога родителите се заедно и кога се разведени.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот