X
 27.08.2020 Живот

Изграден бетонски прстен за чување податоци во Прилеп - погледнете како изгледа

Објектот е составен од двојна бетонска конструкција со масивни армирно-бетонски sидови за серверите да останат недопрени во случај на природни непогоди и тероризам.

Според проектот на 1X2STUDIO од Белград, на чело со архитектот Зоран Абадиќ, во Прилеп е изграден Business Continuity and Disaster Recovery Data Center, кој обезбедува континуитет во работењето на ИТ-системите во функција на работата на Министерството за внатрешни работи, пренесува српскиот портал „Градња“. Основната цел на проектот е да се обезбеди заштита на опкружувањето на објектот и на опремата (како и сите информации и софтвери) од кражби, вандализам, природни непогоди (вклучувајќи земјотреси), предизвикани катастрофи, тероризам и неочекувано оштетување од електрични напони, екстремни температури и слично.

Објектот се наоѓа североисточно од центарот на Прилеп - од Скопје на околу 132 или 176 километри, до центарот на градот Прилеп околу 2,20 километра, до најблиските изградени објекти на околу 230 метри, до пристапниот пат за возила околу 160 метри, до други пристапни патишта во околината од околу 200 метри.

Основната функција на објектот е да обезбеди безбедно сместување на компјутери, складишта и мрежни уреди, енергија за нивно одржување, контрола на температурата за работа, како и поврзување со други уреди внатре и надвор од него.

Централно јадро

Зградата е поделена на два дела - кружен прстен за сместување техничка опрема и инсталација, и централно јадро на сервер-соба. Кружниот прстен е исполнет со простории за механички инсталации, електрични и телекомуникациски инсталации, вклучително и просторија за провајдерот. Остатокот од просторот во објектот е за сместување на вработените (техничари, оператори, обезбедување) кои гарантираат полно работно време на дата-центарот 24/7.

Пристапот за возилата е од внатрешните улици околу објектот, од кои е обезбеден пешачки пристап до влезот за вработените преку платформи за утовар и влезовите во службата на техничките простории. Платформата за утовар и пристапната внатрешна улица околу објектот се елементи на архитектонскиот дизајн како што е и пејзажот, зафатена со периметар на заштитната зона околу објектот со пречник од 100 метри.

Фото: gradnja.rs

Соба во соба

Сервер-собата е дизајнирана како соба во соба и обезбедува највисоко ниво на физичка заштита, а со тоа и спречува ризици. Вградените системи обезбедуваат сеопфатна заштита и како такви, мултифункционална безбедност на бекап и сервер-системите, мрежните компјутери и комуникациските системи.

Армирно-бетонски sидови

Основата на објектот ја сочинува двојна бетонска конструкција од масивни армирно-бетонски ѕидови, чие исполнување е од високоефикасен изолациски материјал, а со цел највисок степен на заштита од пожари. Сите елементи на структурата на објектот - ѕидови, тавани и покрив - немаат никаков отвор.

Под постојан надзор

Во согласност со основната намена, овој објект бара одржување 24/7/365. За време на одморите и отсуствата, потребни се 5,5 лица за регуларно одвивање на една работна смена во траење од 24 часа, 7 дена во неделата. Бројот на вработени во објектот, на позицијата техничар е 2, мрежен оператор 2+2, вооружено обезбедување 2, а надвор од објектот 19 - на позиција вооружено обезбедување 5, на локација 2, на пријавница 2, во зоната на периметарот приближно 10.

Погледнете како изгледа овој објект однадвор и однатре.

ГАЛЕРИЈА

Автор: Игор Цониќ
Извор: gradnja.rs

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот