X
 27.08.2021 Живот

Храна што може да ја намали анксиозноста

Новото истражување објавено во списанието „Сел рипотс медисин“ од Институтот за наука Вајцман во Њујорк откри дека билна супстанција може да игра клучна улога во намалувањето на нивото на анксиозност.

Супстанцијата е позната како бета-ситостерол и се наоѓа во храна од растително потекло, како авокадо, ф'стаци, бадеми, но и други јаткасти плодови, масло од репка, па дури и во некои зрна. Во серија експерименти во однесувањето, истражувачите откриле дека бета-ситостеролот може да произведе смирувачки ефект кај глувците, и сам и во комбинација со антидепресив.

Интересно е дека глувците на кои штотуку им била дадена билна супстанција не доживеале никакви несакани ефекти кои обично се поврзани со лекови против анксиозност, како што се зголемување на телесната тежина и замор. Сепак, ова не значи дека консумирањето храна што е природно богата со бета-ситостерол автоматски ќе резултира со намалена анксиозност.

Наодите од ова истражување не покажуваат дека само додавањето на билната супстанција ќе им овозможи на луѓето што имаат анксиозни нарушувања да се откажат од лекови.

Наместо тоа, бидејќи наодите од ова истражување за животни се докажани во клинички испитувања, можно е бета-ситостеролот да им овозможи на луѓето да ја намалат дозата на лекови против анксиозност.

- Еден од главните проблеми со постојните лекови против анксиозност е тоа што тие произведуваат несакани ефекти, па ако бета-ситостеролот може да помогне да се намали дозата на таквите лекови, потенцијално би можеле да се намалат несаканите ефекти - вели д-р Николас Панајотис, автор на студијата.

Ова, исто така, не значи дека можете да внесете доволно бета-ситостерол само со консумирање одредена храна. Д-р Панајотис додава дека треба да јадете авокадо деноноќно за да ја добиете вистинската доза, а поголема е веројатноста да развиете проблеми со варењето отколку да ја ублажите анксиозноста.

Извор: Eatthis.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот