Не сте сами ако чувствувате дека вашите напади на паника се влошиле или зачестиле за време на летните горештини. Според резултатите од неколку студии, симптомите навистина можат да се интензивираат со зголемувањето на надворешната температура.
Сезонско афективно растројство, анксиозност и напади на паника
Иако зимата е типично меланхоличен период од годината што предизвикува очај и депресивно расположение, оваа сезона не е единствената што може да предизвика психолошки непријатности. За повеќето луѓе, летото е поврзано со одмори, патувања, егзотични дестинации, забави, дружење, поминување повеќе време на отворено. Сончевата светлина нѐ исполнува со позитивна енергија, па благодарение на неа, нашето тело произведува повеќе витамин Д, што придонесува за подобро расположение. Меѓутоа, кога доаѓа најтоплиот дел од сезоната, може да предизвика и анксиозност и напади на паника. Има повеќе виновници, но најголеми се жештините, кои не можеме лесно да ги поднесеме.
Сите овие фактори може да имаат негативен ефект врз нашиот психолошки статус дури и ако немаме проблеми со менталното здравје. Анксиозност, депресивни мисли, раздразливост поради високите температури, метежот... сето тоа се фактори кои можат да предизвикаат напад на паника.
Нападот на паника е една од најчестите последици на анксиозноста, зошто се влошува во текот на летото?
Топлината го зголемува кортизолот, хормонот на стрес кој влијае врз симптомите на анксиозност и рецепторите за стрес, а со тоа предизвикува зголемување на вознемирувачките мисли. Во текот на летото, особено кога климата е тропска, може да се појават следните симптоми:
-отежнато дишење
-гадење
-замор
-изразен, интензивен немир
-вртоглавица
-забрзано чукање на срцето
-тремор
-дехидратација.
Овие се физиолошки причини поради кои се чувствуваме поанксиозно во текот на летото.
Како да спречите напади на паника во топлите денови
Анксиозноста често е увертира за панично растројство и чести напади на паника, а она што е најопасно и што ја зголемува паниката е брзото дишење. Кога немаме доволно воздух, постои страв од задушување, губење на свеста или смрт. А топлината може да ги засили овие појави. Овие едноставни совети ќе ви помогнат да ја спречите или да ја намалите анксиозност, како и нападите на паника:
-не изложувајте се премногу на сонце (внимавајте да не се ставате во ситуации кога топлината ќе ви предизвика физичка непријатност, вршете ги активностите надвор кога ќе поминат највисоките температури во текот на денот)
-оптимизирајте ги плановите (обврските да не ве „преоптоварат“ дури и ако се пријатни)
-пијте повеќе вода и избегнувајте алкохол
-квалитетен сон (разладете го просторот каде што спиете и легнувајте во исто време)
-правете вежби за дишење (тие ќе ви помогнат полесно да заспиете и ќе ги намалите симптомите на анксиозност во текот на денот)
-справувајте се со анксиозноста или фактот дека страдате од напади на паника (можно е да ги вратите работите во рамнотежа со професионална поддршка).
Како да се однесуваме кога имаме напад на паника
Луѓето склони кон напади на паника сигурно биле информирани дека првиот и најважен совет е да се смират и да дишат. Некои луѓе го контролираат нападот со дишење во кеса, а кај некои тоа не помага, па се зголемува непријатноста. Еве неколку вежби што ќе ви помогнат да го спречите нападот на паника. Не заборавајте: ништо лошо нема да ви се случи и нема да умрете од напад на паника.
-Ставете ги дланките на лицето така што ќе ги покриете носот и устата со палците под брадата. Вдишувајте исклучиво преку нос, издишувајте во рацете, вратете го воздухот веднаш по кратко задржување. Дишете длабоко, од дијафрагмата (од стомакот). Подигнете ги рамената и 10 пати земете воздух;
-Вдишете воздух низ носот што е можно побавно, а потоа задржете го што е можно подолго, до точка на непријатност. Издишете што е можно помирно, па повторете 5 до 10 пати;
-Ставете ги рацете на колковите, затворете ја устата и дишете низ носот, издишете низ носот 5 до 10 пати.
Извор: eklinika.telegraf.rs
Фото: Freepik