X
 11.10.2017 Здравје

Иритиран желудник - лошо расположение. Внимавајте што јадете наутро


Боровинки
(Фото: Pixabay)


Кога сме гладни, односно кога желудникот ни е празен, честопати знаеме да земеме храна која и не е најдобар избор затоа што одредени продукти не се добри за консумирање на празен стомак. Погледнете што не би требало да јадете на празен желудник, а што е најдобро да се консумира токму на празен стомак:

10 продукти што НЕ СМЕЕТЕ да ги јадете на празен желудник:


1.    Печива од лиснато или киснато тесто


Производите што содржат квасец можат да ја иритираат слузокожата на желудникот, предизвикувајќи надуеност.

2.    Слатки и колачи

Шеќерот го зголемува нивото на инсулин, што значително го зголемува притисокот врз панкреасот, кој штотуку се „разбудил“. Навиката за консумирање слатко на празен стомак може да ги зголеми шансите за појава на дијабетес.

3.    Јогурт и други ферментирани млечни производи

Кога ќе земеме јогурт на празен стомак, хлороводородната киселина што се создава во желудникот ги убива бактериите од млечната киселина. Така, со пиењето јогурт или други ферментирани млечни производи за појадок не му правиме добро на своето тело.

4.    Круши

Природните влакна во крушите можат да ѝ наштетат на чувствителната мембрана на желудникот.

5.    Домати

Доматите содржат големи количини танинска киселина која ја зголемува киселоста во желудникот. Тоа може да резултира со појава на чир на желудникот.

6.    Свежи краставици и друг зелен зеленчук

Свежиот зеленчук е богат со аминокиселини. Меѓутоа, тој може да предизвика вишок желудочна киселина, надуеност и абдоминална болка, особено кога се консумира на празен желудник.

7.    Банани

Ако јадете банани на празен стомак, количината на магнезиум во крвта значително ќе се зголеми, што може да биде штетно за срцето.

8.    Лути зачини

Зачинетата храна може да ја оштети и надразни слузокожата на желудникот, како и да го зголеми производството на желудочна киселина. Тоа, пак, може да придонесе за развој на нарушувања во работата на системот за варење на храна.

9.    Студени газирани пијалаци

Ако наутро пиете студени газирани пијалаци, тоа може да ја оштети желудочната слузокожа, но и да ја намали прокрвеноста на желудникот. Последица на тоа е многу побавно варење на храната.

10.    Агруми

Агрумите се богати со овошни киселини и ако ги јадете на празен желудник, можат да предизвикаат киселини, но и да го зголемат ризикот од појава на гастритис и чир на желудникот.


10 продукти што слободно можете да ги јадете на празен стомак



1.    Овесна каша

Овесната каша создава заштитна обвивка околу слузокожата на желудникот, што ја спречува хлороводородната киселина да му наштети. Исто така, содржи и растворливи влакна кои го намалуваат холестеролот.

2.    Елда (хељда)

Елдата нежно го стимулира системот за варење и е одличен извор на белковини, железо и витамини.

3.    Палента

Палентата помага при отстранувањето на токсините и тешките метали од организмот, но и при нормализацијата на цревната микрофлора и добро заситува.

4.    Пченични никулци

Две лажици пченични никулци содржат околу 15 проценти од препорачаната дневна доза на витаминот Е, како и 10 проценти на препорачаниот внес на фолна киселина. Исто така, придонесуваат и за правилна работа на системот за варење.

5.    Јајца

Научно е докажано дека јајцата за појадок значително го намалуваат вкупниот дневен внес на калории.

6.    Лубеница


Лубеница на празен стомак ќе ве обезбеди со добра количина течности. Таа е добра и за здравјето на очите и на срцето затоа што содржи големи количини ликопен.

7.    Боровинки

Истражувањата покажаа дека редовното консумирање боровинки го подобрува памтењето и ги регулира крвниот притисок и метаболизмот, особено ако ги јадете за појадок.

8.    Леб од цели зрна без квасец

Јаглехидратите и другите корисни хранливи материи што се наоѓаат во лебот се неопходни за нашето тело. Најдобро е да ги консумирате рано наутро.

9.    Костенести плодови

Ако ги јадете за појадок, костенестите плодови го подобруваат работењето на системот за варење и ја нормализираат pH-вредноста во желудникот.

10.    Мед

Медот помага при будењето на телото наутро и нè снабдува со сила и енергија. Медот исто така ја поттикнува работата на мозокот и го зголемува нивото на серотонин – хормонот на среќата.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје