„Ако луѓето се обидуваат да те срушат, тоа значи дека ти си над нив“ – вели една стара изрека.
Во денешниот свет, каде што сите трчаат по успех, слава и моќ, моралот и правдата полека исчезнуваат, фер играта станува мислена именка, а газењето преку сè за да се стигне до целта станува насушна потреба.
Суетата станува дел од сечиј работен ден, зависта и љубомората на многумина им се гледаат на челото. Неправдата поминува неказнето, а оние што не се расипани не знаат што да прават.
Кога во таа игра, со својата работа, труд и на чесен начин ќе ги престигнете амбициозните и самоуверените (главно без покритие), тие ќе почувствуваат желба за одмазда. Ќе се обидат преку интриги и сплетки да ве спуштат на нивно ниво, ќе ве „пецкаат“ со двосмислени изјави...
Доколку ви се случи тоа – мора да знаете само едно – игнорирањето е мајка на сите одмазди.
„Кога е игнориран, човек се прашува зошто. Ако и ваквата повратна реакција ја предизвикал со очигледно лоша намера, тоа нема да му даде мир“, вели психологот Елизабет Маер. „Ќе се прашува што мислите, кој ќе биде вашиот следен чекор, зошто сте го направиле ова или она, дали сте го прочитале...“
„Одмаздата никогаш не е исправниот пат. Таа е како шума – лесно е да го изгубите правецот, да залутате и да заборавите од каде сте тргнале.“
Една стара изрека вели: „Сè што треба за да се триумфира над злото е добриот човек да не прави ништо“.
Интелигентните луѓе ја користат одмаздата како оружје за свој личен просперитет, но тоа не ги допира туѓите животи и нема врска со сплетки и интриги. Тие се „одмаздуваат“ на следниот начин:
1. „Зборуваат“ преку своите дела
Не дозволувајте им на емоциите да управуваат со вашите постапки и одмаздата да стане личен чин. Тоа ќе придонесе подоцна да се чувствувате лошо и затоа работете го она што најдобро го знаете, без свртување наназад, без озборување и излишни разговори со оние што не го заслужуваат тоа.
2. Не молчат само за да ги „смират“ страстите
На расипаните луѓе што се служат со сплетки и интриги не треба да им се попушта, да им се угодува само заради мир и привидна хармонија во опкружувањето. Напротив, мудрите луѓе со двосмислени изјави треба да им дадат до знаење дека се свесни какви личности се тие и да им докажат дека не се „слепи“ , како и дека нема да дозволат да им се повтори истото однесување без последици.
3. Не се изолираат
Кога се нападнати, особено од страна на блиски лица, повеќето луѓе прибегнуваат кон повлекување и изолација. А токму тоа им е намерата на злобните лица – да се изолирате и повлечете, како вие да сте виновните, а попатно и да им олесните да го земат под свое остатокот од вашето опкружување.
4. Не возвраќаат веднаш по нападот
За да избегнете да бидете етикетирани со изреката „Нападот е најдобра одбрана“, дозволете работите да „легнат“ извесно време. Впрочем, кога ќе се изнервирате и во гнев ќе возвраќате на нападите, ги откривате своите слабости и така го „храните“ оној што ја има токму таа цел.
5. Стануваат сè поуспешни
Ништо не може повеќе да го повреди пакосниот човек од туѓата среќа. Тоа е уште една во низата причини зошто
интелигентните луѓе стануваат уште поуспешни кога некој ќе се обиде да ги повлече на дното.
Најлошото што може да го направите е да им возвраќате со иста мера. Во тој случај, не сте ништо подобри од оној што ви нанел зло, а како што некој мудро кажал – „Злото не може да се исправи со зло“.
Затоа, не валкајте се со туѓа кал и работете согласно вашата совест!