X
 07.01.2015 Технологија

Апликации за малку подобар живот

Апликациите може да го подобрат животот. Како? Ѕирнете ги овие и ќе видите.


„Untappd“

Едноставно кажано, ова е социјална мрежа за пиво. Откривајте неверојатни пива и направете „селфи“ со шишето за да изгледате подобро. Доколку сакате пиво, ова е апликација за вас.



„grubHub“

Мрзеливи сте? Искористете ја апликацијата за да најдете ресторани, да одберете храна, да плаќате сметки и многу повеќе. Бидете мрзеливи, го заслужувате тоа.



„Drunk Mode“

Сите сме биле таму: испраќате пораки додека сте пијани и потоа жалите за нив. Ова никогаш не е добра идеја. Затоа, со апликацијата може да одберете кому не сакате да испратите „пијана порака“ и може да уживате во вечерта.



„Mega Dead Pixel“

Доколку сте во потрага по нова зависна игра, ова е нешто што мора да го пробате. Вклучете ги слушалките и изгубете се во свет во кој не сте биле досега.



„BACtrac“

Не е безбедно да се вози и пие. Но, понекогаш не знаете каде е границата. Апликацијата ќе ви помогне во тоа.



„Yerdle“

„Yerdle“ е како „eBay“, но сè е бесплатно, на некој начин. Започнувате со 250 поени со кои може да добиете секакви предмети. За повеќе поени треба да понудите нешто ваше што повеќе не ви е потребно, но некому ќе му биде корисно.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија