X
 29.11.2016 Образование

Зошто успехот на училиште никогаш нема да биде добар показател за успехот во животот?

Дали некогаш сте ги погледнале сите дипломи и признанија кои сте ги добиле во текот на животот и сте се запрашале колку навистина ви се потребни и дали сте можеле тоа време да го потрошите поквалитетно? Дали мислите дека школувањето ве подготвило за животот?


Можеби образовниот систем не ги задоволува нашите најосновни потреби. Се чини дека тој не не` учи како успешно да пливаме во реалниот живот.

Сакаме да бидеме добри деца од очигледни причини: бидејќи, како што често ни имаат зборувано, тоа е првиот чекор кон успех во животот. Многу од нас учеле напорно за да имаат добра работа, добра плата, куќа и почит од страна на другите. Меѓутоа, се случува да сретнеме луѓе кои биле генијалци на училиште меѓутоа не успеале понатаму во животот и обратно. Поранешните „петкаши“ сега можат да бидат само канцелариски црви, или луѓе на кои работата не им нуди никаква перспектива. Патот кој им се гледал како успешен сега се срушил.

Ова не би требало да не' изненадува: Програмата по која учиме често не е создадена од луѓе кои имаат искуство или талент за светот позади нив. Училишниот систем често не' учи на тоа дека оригиналноста е опасна и дека треба да бараме дозвола доколку сакаме нешто да направиме. Училишниот систем често не' учи само да го пренесуваме знаењето, да пренесеме нечија идеја наместо сами да бидеме иновативни. Училишниот систем не' учи на тоа дека луѓето кои имаат авторитет можат да не' водат, и дека тие поседуваат знаење, а не ни кажуваат дека само стоиме во место.

Образованието не' учи на се' освен на две вештини кои навистина го одредуват квалитетот на животот: способност да избереме најсоодветна професија за нас и начинот со кој ќе можеме да создадеме задоволувачка врска. На училиште ќе не' научат како да пресметаме некоја равенка пред да почнат да зборуваат за две важни теми: работата и љубовта.

Кога сето ова ќе го земеме во предвид, се поставува прашањето: Дали образованието воопшто не' учи на нешто и за што тоа всушност служи?
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование