X
 27.09.2018 Наука

Со крв од млади лица клиника ќе се бори против стареењето

За Џеси Кармазин, крвта е следниот голем лек одобрен од владата. Тој неодамна го основа стартапот „Амброзија медикал“ чија работа е полнење на вените на постарите луѓе со свежа крв од помлади донори со надеж дека процедурата ќе го победи стареењето преку подмладување на органите во телото.

Компанијата планира да ја отвори првата клиника во Њујорк до крајот на оваа година. Во 2017 година „Амброзија“ вклучи луѓе во првото американско клиничко испитување создадено да се утврди што се случува кога вените на возрасните луѓе се полнат со крв од млади лица. Иако резултатите од студијата сè уште не се објавени, Кармазин истакнува дека тие се навистина позитивни.

Поради тоа што трансфузиите на крв веќе се одобрени од страна на американската Администрација за храна и лекови, приодот на „Амброзија“ има зелено светло да продолжи понатаму. И изгледа дека има значителен интерес. Според Дејвид Кавалиер од „Амброзија“, од правењето на интернет-страницата минатата недела компанијата добила околу сто прашања како да се дојде до третманот. Поради тоа е направена и првата листа на чекање.

Имајќи го тоа на ум, Кавалиер и Кармазин сега разгледуваат повеќе локации во Њујорк и организираат разговори со потенцијални инвеститори. Тие се надеваат дека објектот ќе биде отворен до крајот на годинава.

Поради тоа што трансфузиите на крв веќе се одобрени од страна на федералните регулатори, „Амброзија“ не мора да покаже дека нејзините третмани се корисни пред да им ги понуди на клиентите.

Досега компанијата веќе им ставила крв од млади донори на околу 150 пациенти на возраст од 35 до 92 години. Од тие луѓе, вкупно 81 лице учествувале во клиничкото испитување.

Во текот на испитувањето на пациентите им се давал 1,5 литар плазма од донор на возраст од 16 до 25 години, а сето тоа се одвивало во тек на два дена. Испитувањето било направено со физичарот Дејвид Рајт, кој има приватен центар за интравенозна терапија во Калифорнија. Крвта на учесниците била тестирана пред и по инфузиите. Луѓето платиле 8.000 долари за да учествуваат.

- Видовме некои интересни работи и планираме да ги објавиме тие податоци. И сакаме да почнеме да отвораме клиники каде што третманот ќе биде достапен - вели Кавалиер.

Според Кармазин, кај многу учесници биле забележани придобивки, но сепак е тешко тие да се измерат пред да бидат објавени резултатите. Постои можност и патувањето во лабораторија во Монтереј и плаќањето за учество во студијата да направило пациентите да се чувствуваат подобро.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука