Дали нашата крв навистина може да има тајно оружје што би можело да го продолжи нашиот животен век? Научниците мислат дека може.
Тромбоцитниот фактор 4 (ПФ4), супстанца присутна во крвта, се покажа како клучен елемент поврзан со различни здравствени придобивки, покажуваат три различни студии спроведени од научници од Универзитетот во Калифорнија, САД, и Универзитетот во Квинсленд во Австралија.
Станува збор за протеин кој се наоѓа во тромбоцитите, а кој е од суштинско значење за згрутчување на крвта и е поврзан со когнитивната работа и протеинот поврзан со долговечноста. Горенаведените три студии ја покажуваат извонредната улога на овој протеин како моќен крвен фактор кој придонесува за различни физиолошки процеси.
Тромбоцитите, клеточните фрагменти одговорни за згрутчување на крвта, служат и како физички приклучоци за запирање на крварењето и како носители на гранули кои ослободуваат хемикалии за да го поттикнуваат згрутчувањето. Една од овие хемикалии, протеинот ПФ4, не само што му помага на имунолошкиот систем да реагира на повреди и инфекции, туку сега се чини дека е вклучен во механизмите поврзани со спречувањето на стареењето.
Во две студии во која биле вклучени глувци, било откриено дека инјектирањето на овој протеин го намалува воспалението на мозокот и ја подобрува меморијата. Во суштина, студиите покажале дека ПФ4 може да го спречи когнитивниот пад поврзан со стареењето.
Трета студија покажала дека вежбањето го зголемува ослободувањето на протеинот во крвотокот, доведувајќи до создавање нови мозочни клетки и подобрување на меморијата кај постарите глувци.
Извор:
Zimo
Насловна фотографија: Pixabay