Околу Земјата кружат речиси 7.000 сателити кои имаат разни функции во областа на комуникациите, навигацијата и науката. Само во 2022 година имало над 150 лансирања на сателити, а во следната деценија се очекува нивниот број да се зголеми. Кој ги поседува овие сателити?
Веб-страницата „Вижуал капиталист“ објави графикон во кој ги покажува компаниите и државите што поседуваат најмногу сателити во орбитата. Доминира американската компанија „Спејс-екс“, која поседува околу половина од сите сателити во орбитата, т.е. има 3.395 сателити.
Втора на листата е британската „Уан веб сателајтс“ со 502 сателити, а следува владата на Кина со 369 сателити. Следни на листата се владата на САД со 306 сателити, американската компанија „Планет лебс“ со 195 сателити и владата на Русија со 137 сателити.
Графиконот во голема резолуција може да го погледнете
овде.
Извор:
Visual capitalist
Насловна фотографија: Pixabay