Шансите дека некој може да загине од удар од вселенски отпад се мали и досега никој не загинал на тој начин, иако имало случаи да има повредени при ваква несреќа. Меѓутоа, со оглед на тоа што во вселената се испраќаат сè повеќе сателити, се наметнува прашањето дали овој ризик може да се зголеми во иднина?
Истражувачите работеле на цел труд за да ги пресметаат шансите за несреќи од паднат вселенски отпад во следните 10 години. Тие користеле математичко моделирање на густината на вселенските сателити и податоци за да проценат каде на Земјата би можел да падне вселенскиот отпад.
Фото: Pixabay
Тие откриле дека има поголеми шанси вселенски отпад да падне на јужната хемисфера. Впрочем, авторите заклучуваат дека има тројно поголеми шанси дека вселенски отпад ќе падне во Џакарта, Индонезија, Дака, Бангладеш или Лагос, Нигерија отколку во Њујорк, САД, Пекинг, Кина или Москва, Русија.
Авторите пресметале и колкав е ризикот за загуба од човечки живот поради ваква несреќа. Тие откриле дека има 10 отсто шанси дека ќе се случат една или повеќе погубни несреќи со вселенски отпад во следната деценија.
Извор:
The conversation
Насловна фотографија: Pixabay