X
 27.10.2018 Технологија

Апликација која помага во пронаоѓање на најблиската фонтана

Калифорниски стартап пушти во употреба аппликација која се опишува како првиот глобален пребарувач за чиста вода за пиење. Системот наречен „Тап“ (што во превод значи чешма) е дизајниран да им овозможи на луѓето начин на кој би можеле лесно да ги дополнат нивните шишиња за пиење вода кои можат одново да се користат и да ja редуцираат еднократната употреба на пластичните шишиња.

Концептот е едноставен и лесен. Бесплатната апликација работи со ГПС локатор на вашиот телефон за да ги пронајде блиските фонтани, станици за дополнување на шишињата итн. Локалните резултати се појавуваат на мапа исто како да барате кафе бар или бензинска станица.

Надежите се дека секој ќе може да споделува информации за извори на вода насекаде во светот. Од пуштањето во употреба, системот веќе вклучува повеќе од 34.000 кафе-барови, ресторани и други бизниси во 30 земји.

Извршниот директор Самјуел Иан Роузен истакна дека втората фаза од планот е проширување на сервисот преку дополнување на листата од страна на корисниците за да може на листата да се најдат повеќе фонтани.

-Создадовме многу едноставна алатка која ви овозможува да одите до некоја фонтана, да ја фотографирате, да ја ставите на мапата и да пријавите акo не работи или ѝ е потребна поправка. Ова е начин на кој можеме да ја мапираме постоечката инфраструктура - објаснува Самјуел.

Фото: Seeker

Тој додава дека крајната цел на проектот е да се создаде база на податоци со милиони извори на вода и шишињата за повеќе употреби да се направат исто толку практични како и пластичните шишиња за една употреба.

-Ни велат: Еве, водата е практично достапна за вас во овие пластични шишиња и можете да си ја купите сопствената вода. Лудо е што владата дозволува компаниите да ја пакуваат нашата вода и да ни ја продаваат - вели Самјуел.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија