X
 09.01.2016 Технологија

Aпликациите кои најмногу ја трошат батеријата на телефонот

Во паметните телефони често пати се наоѓаат голем број непотребни апликации кои не само што земаат голем дел од просторот во телефонот, туку и влијаат врз перформансите на телефоните, како и на векот на батеријата.

Освен овие апликации, добро би било и да ги избришете и оние кои сте забележале дека не ги користите.

Facebook

Оваа апликација троши батерија повеќе од било која друга. Наместо да ја користите самата Facebook апликација, доволно е да користите bookmark кој ќе стои на вашиот екран и ќе го отвори вашиот профил во самиот интернет пребарувач.

Google може да ресетира 75% од сите Аndroid уреди

Ова се апликации кои се наоѓаат на самиот врв кога станува збор за трошење на батерија, затоа што постојано ажурираат податоци. Наместо widget за прикажување на временската прогноза и апликации за времето, подобро би било да ја користите гласовната опција Ok, Google.

Антивирусот Security или било која друга антивирусна апликација

Ако апликацијата ја преземете од сигурносна адреса, односно од Google Play, тогаш телефонот ви е сигурен од вируси, па затоа сите антивирусни апликации целосно бесмислени. Нивната цел е да ви го украдат телефонот и сите податоци во него.

Clean master или било која друга апликација за чистење на непотребните датотеки

Апликациите од овој тип воглавно бришат непотребни информации и така ги подобруваат перформансите на телефонот, но не се доволно ефикасни за целосно да си ја завршат работата. Ова можете да го решите сами, без симнување на апликација, со бришење на зачуваното cache - одете Settings > Storage > Cached data > OK.

Интернет пребарувач кој доаѓа со телефонот

Во Google Play можете да преземете подобар и посигурен пребарувач од Google Chrome кој оригинално доаѓа со вашиот телефон. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија