Две желки заглавени во пластика среде Антарктикот пронајде Друв Бора и неговиот тим за време на трката со јахта од Лондон до Рио де Женеиро. Тоа го инспирало Бора да почне да собира пластика од водата.
Веднаш откако се вратил во родниот Лондон тој земал бамбус и кормило, направил велосипед со кој ќе може да ја собира пластиката од реката Темза.
- Ова не е само ослободување на Лондон од пластика туку и почнување на разговор со љубопитни гледачи – вели Борза во интервју за Си-ен-ен.
Според него, ова е одличен начин да се започне комуникација со секој минувач што се интересира за неговата работа и неговиот изум. Бора смета дека на овој начин луѓето ќе станат свесни за загадувањето со пластика и ќе ги мотивира самите да преземат нешто.
Планот на Бора почна пред една година.
- Секој ден собирам околу 275 килограми пластика. Тоа е доволно за да се пополни еден мал камион. Најголем дел од пластика се предмети за еднократна употреба, како што се шишињата. Вистинска опасност е кога тие се разложуваат во микропластика која подоцна навлегува во воздухот, морето и храната – вели Бора.
Тој додава дека здравјето е најважно и затоа сите мора да се грижиме за себе, за нашите деца и за планетата.