X
 27.10.2018 Живот

Научниците можат да измерат кога се исплашени посетителите во кино

Научниците можат да го измерат нивото на страв и стрес во киносалите, а филмската индустрија може да го искористи тоа како објективен метод на одредување кој филм е соодветен за помладата публика.

Научниците од хемискиот оддел при Институтот „Макс Планк“ откриле дека нивото на изопрен е значително повисоко кога се прикажуваат филмови што нѐ прават понапнати и понервозни.

Изопренот е хемиско соединение што телото го испушта кога е во движење.

- Очигледно е дека несвесно се движиме напред-назад во седиштата или ги стегнуваме мускулите кога сме нервозни - објаснува Џонатан Вилијамс, водач на истражувањето.

Научниците го мереле нивото на изопрен во текот на 135 проекции на 11 различни филма. Целта била да се утврди дали постои објективен метод со кој ќе се одреди кој филм е погоден за одредена возраст. Моменталните методи се сосема субјективни.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот