X
 27.10.2021 Живот

Холандско село во кое сите жители имаат деменција

Хогевеј личи на обично село со жители што водат нормален живот. Тие пазарат, зборуваат за времето и во недела играат бинго. Но сите 152 жители на ова холандско село имаат нешто заедничко - деменција.

Хогевеј се состои од 23 куќи во кои живеат жители со деменција и негувателки кои им готват и се грижат за нив. Селото постои од 1993 година и функционира како и другите болнички домови за стари лица. Се разликува начинот на кој им се дава нега на старите лица, што прави тие да имаат чувство дека водат нормален живот.


Вкупно 250 лица се грижат за жителите, а во селото се користи посебна валута со која жителите може да купуваат намирници во супермаркет. Може да се користат и вистински пари, но малку жители се способни за тоа.

Вработените сметаат дека лицата со деменција не треба да пропуштат ништо во животот, па затоа им се дозволува и повремено да испијат чаша вино или пиво, но се води сметка тоа да не се злоупотреби. Тие многу се трудат да им овозможат социјализација преку групни настани, прошетки или одење на театар.

Истражувањата откриле дека осаменоста е исто толку смртоносна колку и пушењето и двојно посмртоносна од дебелината. Заболените од Алцхајмерова болест и деменција се охрабруваат да останат физички активни за телото и умот да им бидат ангажирани. Затоа, жителите на ова холандско село користат помалку лекови, подобро јадат, позадоволни се и подолго живеат.

Извор: DDL
Фото: YouTube (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот