X
 27.11.2019 Образование

Реченици што сите сме ги слушнале од професорите

Професорите честопати умеат да бидат интересни и да нè мотивираат. Но, по години постојана работа, дури и тие влегуваат во рутина и наидуваме на реченици и ситуации што се повторуваат и стануваат „легенди“. Секој од нас слушнал барем дел од следниве фрази (и лаги):

1. „Во мое време професорите се почитуваа повеќе!“

2. „Доколку нема ниедно прашање, завршуваме.“

3. „Оние што не сакаат не мора да доаѓаат, но треба да знаете дека испитот е многу тежок.“

4. „Ќе продолжиме на паузата и ќе завршиме порано.“ (секако, предавањето не завршува порано)

5. „Усниот испит нема да биде тежок. Тој е чиста формалност.“

6. „Што е смешно? Ајде излези пред сите и раскажи ни за сите да се насмееме.“

7. „Ти во првиот ред, дојди да ми помогнеш со компјутерот.“

8. „Доколку не ве интересира, излезете надвор и пијте кафе некаде додека ние работиме.“

9. „Така се однесуваш и дома?“

10. „Ако сте напишале, да избришам.“

11. „Вие сте иднината на оваа земја.“

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование