Универзитетските предавања треба да добијат футуристичка „нота“ со тоа што професорите ќе се појавуваат како холограми.
Кралскиот колеџ во Лондон ќе ја покаже технологијата на специјален настан в четврток, пред таа да биде претставена пошироко. Се верува дека ова ќе биде првото академско тело што ова ќе го прави редовно.
Сличен ефект се користи за анимирање на сликите на Мајкл Џексон, Елвис Присли и други познати личности.
Колеџот првично ќе ја ограничи употребата на холограмите само за активностите на бизнис-училиштето, но очекува дека технологијата за брзо време ќе стане честа.
Фото: Imperial College London
- Алтернативата е да се користи софтвер за видеоконференции, но веруваме дека овие холограми даваат многу подобро чувство за присуство - изјави д-р Дејвид Лефевре, директор на „Ед-тех“ лабораторијата на колеџот.
- Предавачите имаат монитор со висока дефиниција пред нив, кој е калибриран за да може да ги покажува луѓето и да воспоставува контакт со очите, така што навистина ќе може да комуницира - додава тој.
Ќе може да се појават повеќе од една личност истовремено. Исто така, предавањата нема да бидат снимени и репродуцирани, туку ќе се одржуваат во живо, па предавачите, односно нивните холограми, ќе можат да комуницираат со студентите, да одговараат на нивните прашања, да гледаат поединци во очите додека разговараат и слично.
Ваквиот начин на одржување на предавањата е многу поедноставен и поевтин во споредба со плаќањето повратни авионски карти, сместување и други трошоци, а искуството е слично како предавачите да се наоѓаат во предавалната. Постои можност и за снимање и дополнително репродуцирање на предавањата на холограмите, но тогаш нема интеракција со публиката.
Технологијата е развиена од канадската
компанија „АХРТ Медиа“ и веќе се користи за прикажување на познатите личности.