X
 27.11.2020 Наука

Специјален мост во Јута за дивите животни да поминат над автопатот

Одделот за диви животни во Јута, САД, има цел да го заштити дивиот свет. Оттаму месецов објавија видео во кое се покажува како диви животни користат мост за да поминат над автопатот.

Мостот бил направен пред две години специјално за животните. Тој им помага на дивите животни безбедно да поминуваат во пределот во кој поминува автопат. Од Одделот за диви животни откриваат дека неодамна поставиле камера за да ја тестираат ефикасноста на мостот, а кадрите покажуваат дека тој е успешен.

Пред да биде изграден мостот, за две години имало околу 100 сообраќајни несреќи поради диви животни. Откако бил поставен, биле забележани само неколку несреќи.

Мостот е долг 97,5 метри и широк 15,2 метри. Изградбата на мостот чинела 8 милиони долари.

На видеото направено на мостот се гледа како поминуваат верверички, елени, лосови, па дури и мечки.


Автори: Џонас Гриневичиус и Денис Тимулис
Извор: boredpanda.com
Насловна фотографија: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука