Професионалниот фотограф и кинематографер Шаз Јунг
сподели вирално видео кое го прикажува застрашувачкиот и хипнотизирачки момент кога леопард го забележува во џунглата.
Јунг смета дека фотографот никогаш не е сам во џунглата и дека животните секогаш го набљудуваат.
Во неговата моќна фотосерија „Џунглата гледа“, Јунг ги прикажува животните додека го гледаат објективот на неговиот фотоапарат и остваруваат директен контакт со очите со него.
- Оваа серија е инспирирана од вистинската суштина на џунглата. Длабоко во своите далечни одаи, во лавиринтите од дрвја, џунглата е жива и секогаш ве набљудува. Поминав години во џунглата и секогаш имам такво чувство дека знам дека ме гледаат. Тоа обично се случува по зајдисонце, кога џунглата молчи. Тогаш знаеш дека не си сам - вели тој.
Извор:
Petapixel.com
Фото: Shaaz Jung