Дамир Окановиќ од Комитетот за безбедност во сообраќајот во Србија објаснува како да избегнете трагедија ако ви се случи да го згрешите вклучувањето и да се најдете во спротивната лента на автопатот.
- Доколку возачите забележат дека го згрешиле вклучувањето и дошле во спротивна насока, веднаш треба да ги вклучат сите четири трепкачи и да се престројат во помошната лента. Доколку постојат услови безбедно да завртат и да се вратат во вистинскиот правец, треба да го сторат тоа со голем претпазливост. Меѓутоа, доколку сметаат дека нема такви услови бидејќи сообраќајот е густ или се плашат, или немаат доволно возачко искуство или способност, треба веднаш да повикаат сообраќајна полиција - рече Окановиќ.
Како што вели, повикот до сообраќајната полиција во секој случај е најбезбедниот начин да се излезе од оваа ситуација и никој да не биде повреден.
- Важно е возачите да не се обидуваат да стигнат до следната клучка. Казните што постојат за такви случаи се високи, но се занемарливи во однос на тоа какви можат да бидат последиците врз животот и здравјето на луѓето - рече тој.
Според него, постојат три начини возачот да се најде во оваа ситуација.
-Може да се работи за намера, грешка на возачот или пропуст од страна на патарите ако се извршуваат некакви работи на патот - вели Окановиќ.
Фото: freepik