X
 27.11.2021 Култура

Тизерот за втората сезона од оваа хит-серија прегледан 1,5 милион пати во еден ден

Објавен е тизерот за втората сезона на серијата „Еуфорија“, која се прикажува на Ејч-би-о. За еден ден тизерот имаше над 1,5 милион прегледи. Втората сезона излегува на 9 јануари, а обожавателите со нетрпение ја очекуваат.

- Немојте да ми замерите, но ова видео ќе го гледам секој ден во наредните два месеца - пишува еден корисник.

- Продукцијата на оваа серија никогаш нема да престане да ме воодушевува - уште еден коментар од 1.800 возбудени обожаватели.

Тизерот покажува како Ру, која ја глуми Зенедаја, пее за својата неодговорност. Прикажани се сцени од полициска рација и познати лица на актери од првата сезона. Сѐ уште не се знае што точно ќе се случува во втората сезона.

Првата сезона излезе во јуни 2019 година и освои многу награди. Зенедаја доби „Еми“ за најдобра главна актерка во драмска серија.

Серијата е базирана на истоимената израелска телевизиска мини-серија која се емитуваше во 2012 година, а за Ејч-би-о ја направи Сам Левинсон. Заплетот на оваа драма се врти околу љубовта, гневот, дрогата и сексот.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура